За проектот
Министерството за дигитална трансформација (МДТ), со финансиска поддршка на Европската Унија, го спроведува проектот „Усогласување со дигиталната и медиумската правна рамка на ЕУ и унапредување на вештините за дигитална трансформација”.
Проектот започна на 10 ноември 2025 година и ќе трае до 9 јули 2027 година. Главната цел е да ги поддржи институциите во создавање дигитална и медиумска средина што ги штити човековите права, поттикнува иновации и ја зацврстува демократијата.

Цели на проектот
Со цел усогласување на дигиталната и медиумска правна рамка на ЕУ, проектот е поделен на три главни компоненти.

Усогласување на законодавството
Усогласување со 9 законодавни рамки на ЕУ во областа на дигиталниот внатрешен пазар, отворените податоци, ИКТ, вештачката интелигенција и сајбер безбедноста.

Реформи во медиумскиот сектор
Подготовка на Стратегија за развој на медиумскиот сектор и транспонирање на Европскиот акт за слобода на медиумите во домашното законодавство.

Административни капацитети на МДТ
Изработка на Патоказ за дигитализација, програма за обука и онлајн-платформа за учење за јавните службеници.
